Авганистанците пристигнаа и во Приштина

5

Првата група од 111 бегалци од Авганистан синќа пристигна во Приштина.

Групата веднаш беше испратена на медицински преглед, по што ќе биде вакцинирана против Ковид-19. Според приштинскиот весник Коха, сите биле тестирани за коронавирус и биле негативни.

Авганистанците пристигнаа на аеродромот во Приштина со лет на американското воздухопловство и беа пречекани од косовската претседателка Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и американскиот амбасадор Филип Коснет.

Тие ќе бидат згрижени во поранешниот камп на компанијата Беџтел Енка, сместен во близина на американска воена база во Урошевац.