Покетино даде јасен коментар за иднината на Мбапе

6

Заврши рокот кој му го даде Реал Мадрид на ПСЖ за да ја прифати последната понуда за Килијан Мбапе, а за помалку од 48 часа завршува и летниот преоден рок.

Францускиот напаѓач постигна два гола во победата против Ремс, а начинот на кој ги прослави беше сигнал дека нема да си замине од ПСЖ до крајот на преодниот рок.

Тоа по натпреварот на некој начин го потврди и тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино.

„Мбапе е наш фудбалер, а добро знаете дека фудбалската индустрија е полна со шпекулации. Нашиот претседател и спортски директор беа јасни. Мбапе останува со нас и многу сум среќен поради тоа. Тој е еден од нашите најважни фудбалери“, кажа Покетино.