Агуеро „уловен“ во Барселона, потпис на договорот ќе падне само во еден случај

9

Серхио Агуеро во саботата вечера со солзи во очите го заврши големото финале во Лигата на шампионите и така стави крај на својата етапа во Манчестер Сити, а ова утро за првпат беше уловен во градот во кој треба да ја гради својата иднина.

Искусниот аргентински напаѓач беше виден во Барселона и фотографиран од страна на медиумите, а оние од Каталонија ја обелоденија и вистинската причина за неговата поста на градот, два дена по големото финале и болниот пораз од Челси во Порто. Агуеро пристигнал во Барселона на закажан преглед со докторот Кугат кој пред една година му го оперираше коленото, специјалист кој пак треба да ја увери Барса дека се е во ред со искусниот голгетер.

Барселона ги има договорено сите детали со фудбалерот за потпис на двегодишен договор, но сепак промоција нема да има во скоро време, бидејќи во овој момент не е решено најважното прашање.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека на крајот се ќе зависи од конечната одлука на Лионел Меси, односно од тоа дали капитенот ќе потпише нов договор и ќе остане во клубот.

Истиот извор информира дека Агуеро и неговите агенти доставиле ултиматум до Барселона, бидејќи ако не се конкретизира се во наредните две седмици, ќе се активираат другите понуди кои напаѓачот ги има на маса.