Албанците и новиот Балкан

18

„Балканскиот Шенген“, ако не ги укинува границите и не носи слободно движење на луѓето, идеите и стоките, тогаш не е ништо. Меѓутоа, дали ја поттикнуваат Албанците оваа идеја? И не само тоа, туку и дали се носители и спроведители на големата отвореност на Западниот Балкан, туку паралелно и со одговорностите кон другите држави. Или да бидеме пооотворени: Да направиме еден европски процес што не се однесува на градењето на големи држави, туку носи нова реалност за отвореност и развој?

Од Назим РАШИДИ

Во Тирана е иницирана средба на албанските политички претставници на целиот регион. Всушност, станува збор за конференцијата наловена  „Улогата на Албанија во промовирањето на националните интереси на Албанците во Западен Балкан“.
Се уште не се знае кој ќе присуствува и кој каква визија ќе прикаже. Конференцијата е организирана од Министерството за Европа и надворешни работи и се претпоставува дека ќе има високо ниво на политичка застапеност од сите претставници на Западен Балкан.

Го спомнувам овој факт, затоа што долго време се обидувам да артикулирам една мисла, а тоа дали има нова визија на Албанците за блиска и средна иднина?
Ова прашање добива важност и затоа што самиот свет, а особено геополитиката, зазема други форми, но и затоа што се нишаат визиите за интеграција, онака како што беа предвидени досега. Иницијативата најпрвин не треба да се гледа воопшто како националистички обид, како што може да се толкува на прв поглед.

Најпрвин, сите, а особено соседите, треба смирено да го прифатат фактот дека Албанците во регионот ќе соработуваат взаемно, а ова треба да се гледа како предност.

Регионот е постабилен и помирен, токму затоа што Албанците се повеќе во мир со реалноста што донесоа периодите после војните во 90-тите и почетокот на 2000-те години.
Нивното присуство не е веќе само на географските простори на Западниот Балкан, туку е многу значајно и институционално.

Косово е држава (толку колку што е меѓународно призната), но со институции кои се раководени од Албанци. Во Северна Македонија, албанската застапеност во институциите е присутна од највисоките нивоа на државата до најниско рангираните службеници во администрација. Исто така, институционално присуство има и во централните и локалните администрации во Црна Гора. Ваквата реалност носи нов момент за анализа, што никој досега не го направил.

Најпрвин, каква динамика може да донесе овој момент што ќе им служи на сите во регионот? И второ, како може овој нов момент во историјата на албанскиот развој да се претвори во регионален капитал?

Повторно ќе кажам, ваквата анализа никогаш не треба да се гледа од призма на стравовите на регионот за негова дестабилизација. Тоа е нов момент и треба да се анализира, без комплекси од минатото и без страв за иднината, туку во развојните и интеграционите контексти ќе треба да се вклучи и заедничкиот развој. Затоа што, освен поголемото присуство во институциите на државите од регионот, Албанците, исто така преку институциите на балканските држави се, или наскоро, ќе бидат дел од НАТО. Да си дел од оваа Алијанса, носи обврски, но и психолошка и геополитичка смиреност.

Значи, Македонија и Албанија, како сојузници, немаат начин како да влезат во конфликти. Друго, тие бидејќи се дел од оваа структура ќе споделат многу информации. Сето ќе се канализира или ќе треба да се канализира во поголема меѓусебна доверба.

И сега, со сите Албанци кои се дел од државите, зар не треба да има поголем заеднички импулс и развој?

Секако, дека во оваа насока треба да влијае и патот за подготовка за да се биде дел на ЕУ, без оглед на збунетоста што Франција ја донесе неодамна. Не знам дали оваа конференција ќе даде такви одговори. Не знам ниту дали има таква намера.

Меѓутоа, вистината е дека после исполнувањето на аспирациите на Албанците, кои дојдоа до консензус во целиот регион, НАТО и ЕУ е визија на Албанците како и на целиот Западен Балкан. Но, се поставува прашањето што понатака? Како треба да се гледа оваа реалност?

Јас го дадов своето мислење за „Балканскиот Шенген“, кој ако не ги укинува границите и не носи слободно движење на луѓето, идеите и стоките, тогаш не е ништо. Меѓутоа, дали ја поттикнуваат Албанците оваа идеја? И не само тоа, туку и дали се носители и спроведители на големата отвореност на Западниот Балкан, туку паралелно и со одговорностите кон другите држави. Или да бидеме пооотворени: Да направиме еден европски процес што не се однесува на градењето на големи држави, туку носи нова реалност за отвореност и развој?
И тука се раѓаат дилемите.

За мене во теорија, тоа е можно. Прво, поради НАТО. Трите држави членки, Албанија, Црна Гора, Северна Македонија (Северна Македонија ќе биде дел од неа многу брзо), се гаранција за безбедност и за постоење на државите. Само тоа, не спомнувајќи го ЕУ, создава смиреност за отворање на Западниот Балкан, но поттикнат од Албанците. Меѓутоа, дилемата е во капацитетите на политичката класа.

Не сакам да звучам цинично. Дилемата се појавува заради истакнатите антагонизми меѓу албанските лидери во регионот. Честопати, нивните лични познанства и преференции влијаат во взаемните официјални комуникации. Тоа се гледа уште од формалните честитки кога победува некој на изборите. Второ, дали тие реално се во состојба да погледнат подалеку, да размислат стратешки и да создадат визија за иднината? Не знам дали можат да излезат од виорите на нивното секојдневие, што, честопати се поврзани со лошото владеење. И од друга страна, никако, таквите иницијативи и дискусии за големите политики не треба да им дадат алиби за неуспесите во владеењето. Бидејќи, големите политики веќе не поминуваат без зголемување на основните стандарди за благосостојба на луѓето.

Не знам дали конференцијата во Тирана ќе даде одговор на такви прашања. Веројатно не, затоа што е прва конференција. Меѓутоа, едно е сигурно, по научна, по фундаментална и по институционална анализа, веќе треба да се направи, како и каде се гледаат себеси Албанците, меѓу себе и во однос на регионот.

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)