Алијанса за Албанците и БЕСА нема да гласаат за Законот за ЈО

3

Алијансата за Албанците и БЕСА нема да го гласаат Законот за јавно обвинителство, затоа што последната верзија не одговара со тоа што било договорено со нив, соопштија од двете партии. Од таму велат дека не сакаат закон со кој се амнестираат криминалци

Вистина е дека Алијансата водеше преговори со Министерството за правда и имаше свои забелешки на драфт верзијата, но и голем дел од нив беа прифатени, ама она што стигна во Парламентот драстично се разликува особено во членот 110 каде се предвидува амнестија, а ние никогаш нема да прифатиме закон за јавно обвинителство кој овозможува аменстија, рече Рушити.

Членот 110 од законот се однесува на снимките од СЈО кои можат да бидат користени како индиции, а не и докази во судските постапки.