Мицкоски: Предложениот закон за ЈО го штити Заев и дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ

4

Предложениот закон за Јавно обвинителство е противуставен и во интерес на заштита на Зоран Заев и други политички рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Заев со законот за ЈО, со кој се сака да не важат прислушуваните разговори, спроведува операција за амнестија и тоа амнестија лично за Зоран Заев и членови на неговото семејство. Амнестија за неговата партија и функционери од коалиционата влада за кои постојат сомнежи дека се силно инкриминирани во нелегални активности и амнестија за помал дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Поточно, за оние кои се во негово заложништво и решија да одработуваат за негови интереси“, рече Мицкоски.