Анализа: Долгот на државата прв пат во пад од независноста на Црна Гора

21

Според прелиминарните податоци на Министерството за финансии на Црна Гора, државниот долг (без депозитите) на крајот на август годинава изнесувал 4.05 милијарди евра или 87,37 отсто од БДП-то, а Министерството проценува дека долгот во наредниот период во апсолутна вредност ќе продолжи да паѓа.

Ова е прв пат задолженоста на Црна Гора да се намалува во номинална вредност од осамостојувањето во 2006 година.

Економскиот аналитичар Предраг Дрецун за “Vijesti.me” вели дека сегашниот долг на државата не ја загрозува одржливоста на јавните финансии, но дека сегашната состојба може многу лесно да се наруши, со секое негативно надворешно влијание, додека пак Централната Банка одбива да ги објави сите тековни прогнози за моменталното државно задолжување.

-Со оглед на тоа дека прелиминарните проценки покажуваат дека имаме значително повисок раст на БДП од проектираниот за 2021 година, а податоците за третиот и четвртиот квартал од оваа година допрва следуваат, извесно е дека значително подобро резултираат со намалување на државниот долг, тврдат за “Vijesti.me” од Министерството за финансии, со кое раководи министерот Милојко Спасиќ.

Според прелиминарните податоци, надворешниот долг изнесува 3,62 милијарди додека пак внатрешниот долг изнесува околу 424,55 милиони. Вкупниот државен долг со депозити на крајот на август годинава изнесува 3.5 милијарди или 76,08 отсто од БДП.

Од Министерството за “Vijesti.me” велат дека намалувањето на долгот во апсолутен износ се заснова на неговата редовна отплата и на успешната реализација на еврообврзницата на крајот на 2020 година, па и поради тоа немало потреба од дополнително задолжување за финансирање на буџетот.

-Потсетуваме и дека буџетскиот суфицит се реализираше три месеци по ред (јуни, јули и август) а се очекува и за септември. Гледано во однос на БДП, очекуваме значително намалување на долгот, имајќи предвид дека проектираниот раст на БДП за оваа година изнесува околу 10,5 отсто а сегашните прилиминарни проценки укажуваат дека растот на БДП би можел да биде околу 13 отсто, наспроти драматичниот пад од 15,2 отсто лани. Дополнително, Светска Банка неодамна ја зголеми прогнозата за раст на Црна Гора на речиси 11 отсто, соопшти Министерството.

Податоците за вкупниот јавен долг на државата, во кој се вклучени државниот долг и долгот на општината, за оваа година ќе бидат јавно достапни, согласно законот. Јавниот долг на крајот на минатата година изнесуваше 4,4 милијарди или 105,15 отсто од прелиминарниот БДП.

Молкот од Централната Банка

Од Министерството тврдат дека сегашната висина на јавниот долг, со тенденција на натамошно опаѓање, не е закана за јавните финансии, додека Централната Банка не сакаше да одговори на прашање на “Vijesti.me” за јавниот долг.

До врховната монетарна институција беа упатени следните прашање – дали постојаниот износ на јавен долг е закана за одржливоста на јавните финансии, кои се препораките на ЦБ за намалување на јавниот долг во наредниот период, дали треба да се рефинансира дел од долгот и како се движи јавниот долг на државата за наредниот период според оценката на ЦБ?

Согласно Законот, Централната банка дава препораки до Владата за водење економска политика.

-Имаме одреден пад на учеството на јавниот долг во БДП на крајот на оваа година, но мора да имаме предвид дека и нашите депозити значително се намалија во текот на 2021 година. Тоа значи дека нашиот простор за маневрирање се стеснува, бидејќи според мене депозитите секогаш мора да биат на ниво кое по правило не треба да е пониско од 500 до 600 милиони, истакнува Дрецун.

Препорака за намалување на долгот

Според него, државата за да ја намали задолженоста треба да комбинира збир на краткорочни и долгорочни мерки во реалниот и финансискиот сектор. Дрецун препорачува да се донесе стратегија за зајакнување на реалниот сектор, со акцент на земјоделството и енергетиката, заедно со другите гранки од реалниот сектор и тоа за најмалку 10 години.

-Во 2022 година треба да се насочат 40 милиони евра за консултантски услуги од овогодинешниот буџет во агро-буџетот и да се додадат уште најмалку 100 милиони Прилагодете ја политиката на Централна Банка во насока на релаксирање на резервациите за кредитните загуби од две или повеќе години и афирмација на финансирање на проекти, така што новодобрените заеми нема да се ставаат во иста класификациска група како и другите заеми, препорачува Дрецун.

Тој за “Vijesti.me” вели дека ЦБ треба да пропише дека банките мора да го ослободуваат колетералот, доколку заемот е значително намален и во случаи кога тоа е технички возможно, за да може должникот побрзо да ги пренамени своите пари.

-Продолжете да ја зајакнувате финансиската дисциплина, со решавање на проблемите на старт, а не кога ќе се акумулираат и кога ќе станат товар за понатамошните административни процедури. Кога денес ќе соберете десетици милиони од даночните должници чии имоти не вредат толку?, посочува тој.

Дрецин смета дека Владата со емисијата на обврзниците си даде пауза и време да почне да ги консолидира финансиите и дека заемот кој беше оспоруван од опозицијата е добро искористен, иако имаше и ненадејни трошоци.

-Буџетскиот суфицит го фати тримесечниот тренд, социјалната политика е многу поподнослива отколку што беше порано. Управувањето со приходите постигна одредени резултати. Сезоната беше добра. А сето ова влијаеше на макроекономските параметри да бидат доведени во многу подобри размери отколку пред една година. Но сето ова се краткорочни мерки, кои повторно ќе треба да се спроведат со ново задолжување доколку не влеземе во фаза на јакнење на реалниот сектор, заклучува Дрецун.

Дефицитот во надворешната трговија е еден од причините за постојаното задолжување

Дрецун вели дека е повеќе заинтересиран за утврдување на причините за растот на јавниот долг и нагласува дека државата во постојана опасност од задолжување се додека не го скроти надворешно трговскиот дефицит – бидејќи тој е единствениот генератор на негативен платен дефицит кој доведува до понатамошно задолжување.

Тој и објаснува дека надворешно трговскиот дефицит и инсуфициенцијата на странски директни инвестиции доведуваат до периодично отежната ликвидност на економијата, што предизвикува финансиска недисциплина и послабо полнење на буџетот.

-Слабото полнење на буџетот доведува до притисок од државата врз работодавачите поради неплаќање на фискалните обврски, што е случај во последните месеци. Во овие услови не може да се издвојат доволно пари за потребни инвестиции, па побарувачката за кредити е константно висока, објаснува Дрецун за “Vijesti.me”.

-Тој посочува и дека проблемот е и неликвидноста на стопанството, каде што бројот на блокирани фирми постојано се движи околу 19.500, со блокода од околу 870 милиони.

Дрецун смета дека државата недоволно ги искористила потенцијалите што ги има, што се одразило и на јавниот долг. На пример, тој наведува дека Владата била свесна за важноста на хидропотенцијалот преку усвојување на Картата на ресурси и дека оттогаш ништо конструктивно не е направено во областа на енергетиката и другите индустрии.

-Државата свесно се откажа од валоризација на потенцијалот, односно од реалната економија составена од енергија, индустрија и земјоделство и се потпира на варолизација на телефонските кабли, фреквентниот опсег, морската пена, сончевата светлина и снегулките. Овој концепт на развој доведе до постојана и растечка потреба за позајмување. Постојано ќе позајмуваме повеќе додека не ја промениме стратегијата на развој, вели Дрецун.

Наредна година ќе се наплатат 283 милиони евра долг

Имено, според првичните информации од Министерството за финансии во 2022 година Црна Гора ќе  треба да врати најмалку 283 милиони евра долг, од кои 243 милиони се надворешен, а околу 40 милиони внатрешен долг.

За 9 месеци годинава вратени се 479 милиони од кои главницата била 400.23 милиони. Најголем дел од парите отишле за отплата по основ на еврообврзница издадено во 2016 година како и по основ на отплата на државни записи.

Од министерството велат дека целта им е во наредниот период да го подобрат постојаното должничко портфолио преку преговори со одредени доверители за предвремена отплата на одредени скапи кредити земени пред 2006 година.

-Овој владин ресор има намера да ја подобри просечната рочност и цена на долгот, со што државата заедно со подобрување на сите макро и фискални показатели ќе го подобри и статусот во меѓународната финансиска рамка, велат од таму.

Овој текст е направен преку заеднички проект на “Vijesti.me” од Црна Гора и весникот “Коха” од Македонија.