АХМЕТИ СО ПОЗДРАВИ И ЧЕСТИТКИ: Им го честитам постигнувањето на денешниот договор за минимална плата на 18.000 денари
Им го честитам постигнувањето на денешниот договор за зголемување на минималната плата од 15.200 денари на 18.000 денари, се вели во честитката од лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, по повод договорот за минималната плата.
– Со исплатата на мартовската плата, односно на почетокот на април околу 80.000 работници ќе добијат повисока плата. Реализацијата на оваа економска мерка сведочи за искреноста на програмските цели за подобрување на животниот стандард на граѓаните, објави Ахмети на својот профил на Фејсбук.
Како што е објавено, договорот е постигнат, а дел од минималната плата до договорената висина солидарно ќе ја плаќаат граѓаните, односно со пари од буџетот кој го полнат сите даночни обврзници во земјава.