Бајден: Ако Трамп се кандидира за претседател во 2024 година, ќе бидам уште помотивиран за втор мандат

0

Американскиот претседател Џо Бајден (79) во синоќешното интервју на „Еј-Би-Си“ рече дека ќе биде уште порешителен да се кандидира за втор мандат, доколку и Доналд Трамп се кандидира на претседателските избори во 2024 година.

Но, погледнете, јас прилично ја почитувам судбината. Судбината многупати ми се мешаше во животот. Ако имам добро здравје, како што сум сега, повторно ќе се кандидирам, изјави Бајден.

Водителот го праша дали тоа значи дека ќе има реванш против Трамп на што актуелниот претседател на САД одговори потврдно.

Секако. Зошто не би се кандидирал повторно против Трамп? – Всушност, тоа би ја зголемило веројатноста да се кандидирам, одговори Бајден.

Бајден стана највозрасниот претседател во историјата на САД, кој положи заклетва кога ја презеде функцијата на 20 јануари.