„Сестри“ – прв македонски филм достапен на Нетфликс

28

Македонскиот филм „Сестри“, од петок, ќе можеме да го гледаме на Нетфликс.

За успехот на филмот „Сестри“, покрај големиот број награди и фестивали, како најголем показател можеби е и фактот дека истиот ќе се прикажува на светски популарната платформа за филмови „Нетфликс“.

Трејлерот за филмот е веќе на Нетфликс, а е најавен за во петок кога официјално ќе можеме да го гледаме на оваа платформа.

Инаку ова е прв македонски филм кој ќе се прикажува на Нетфликс.