Бајден ја суспендира одлуката на Трамп за повлекување американски војници од Германија

7

Повлекувањето ќе биде запрено сѐ додека министерот за одбрана Лојд Остин не направи проценки за присуството на американски војници во светот
Претседателот на САД, Џо Бајден, официјално го суспендира повлекувањето на американските трупи од Германија, кое минатата година го нареди поранешниот претседател Доналд Трамп, но акцијата за повлекување не започна.

Бајден синоќа објави дека повлекувањето на трупите ќе биде запрено сѐ додека министерот за одбрана Лојд Остин не направи проценки за присуството на американски војници во светот.

„Остин ќе процени дали нашето воедно присуство е во согласност со нашата надворешна политика и националните приоритети“,рече Бајден.

Минатата година Доналд Трамп ја објави својата намера да повлече 9 500 од приближно 34 500 американски војници стационирани во Германија.

Веднаш по инаугурацијата на 20 јануари, Бајден потпиша 17 од најавените извршни наредби/декрети и веднаш почна да поништува некои одлуки на Трамп, а едни од првите беа за враќање на САД во Парискиот климатски договор и за стопирањето на изградбата на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико.