Бев безначајна, скоро невидлива, но среќна што сум жива: Анџелина Џоли конечно се исповеда

52

Најубавата двојка во Холивуд одамна не е тоа. Пред да се разведат беа како излезени од бајка, денес и двајцата водат животни битки.

Бред Пит и Анџелина Џоли сега водат војна за старателството над нивните 6 деца. Закажани се судски рочишта со многу сведоци, а бившите сопружници прават тактики кој да донесат за сведок.

И во сета таа голгота, Џоли реши да прозбори за разводот.

“Мојата сила доаѓа од моите деца. Сите родители знаат дека во нив постои таа сила која постојано расте. Не знам од каде потекнува мојата вера, но сигурен сум дека сум во период на транзиција, како да се враќам на своите корени и се изгубив. Мислам дека започна кога нашата врска завршуваше. Тоа беше комплициран период, не можев да се препознаам и станав мала, скоро безначајна, дури и невидлива. На крајот се соочив и со некои здравствени проблеми. На крајот сето тоа ме потсети колку сум среќна што сум жива“, вели Џоли.