„Без лажи и преваре!“ Ќерката на градоначалникот доби шпорет на лотарија, а вие нарачајте си песна!(ВИДЕО)

33

Ќерката на градоначалникот рече дека фамилијарно го добиле шпоретот и одлучиле да го доделат на семејство на кое му е потребно.

„Без лажи и преваре! Ни најмалку ни најмногу шпортетот го доби ќерката на нашиот градоначалник Аце (Ацо Велковски)!“, го најави добитникот водителката на лотаријата по повод празникот на Општина Лозово..

Ќерката на градоначалникот рече дека фамилијарно го добиле шпоретот и одлучиле да го доделат на семејство на кое му е потребно. Погледнете го видеото што се споделува на Твитер.

На овој настан кој се пренесуваше во живо преку профилот на Фејсбук на градоначалникот имаше уште еден „бисер“ – секој гледач можеше да си нарача музичка желба.