Деми Ловато ги покажа стриите: Тие не исчезнуваат па ги покрив со светки ФОТО

17

Актерката и пејачка Деми Ловато (26) на социјалните мрежи отворено проговори за нарушувањето во исхраната со кое се борела. Таа објавила серија фотографии на кои ги покажа стриите на телото, а кои ги покрила со светки.

„Среќен сум затоа што ме прегледа лекар и ми рече: „Вака изгледа закрепнувањето од нарушување во исхраната“. Во чест на благодарност, би сакала да ги покажам стриите што ги имам, наместо да се срамам од нив. Почнав да им ставам светки за да го славам моето тело и неговите ознаки. Моите стрии не исчезнуваат, па можеби можев да ставам повеќе сјај на нив?“, напиша Деми на Инстаграм.

„Ова нека биде потсетник за секој што смета дека тoa не е можно. Мора да верувате во себе. Оваа година беше тешка. Бидете нежни кон себе ако „се лизнете“. Не заборавајте да се вратите на вистинскиот пат“, додала ѕвездата.

Ловато призна дека не верува дека ќе може закрепне од нарушувањето во исхраната. Денес таа не се срами од своето тело и сите несовршености, па ги прифати како дел од себе.

Пејачката не крие дека со години се бори да го зачува своето ментално здравје. Во текот на 2018 година, таа речиси почина од предозирање. Потоа се повлече од јавниот живот. Но, полека се враќа на музичката сцена.

Поради нарушувања во исхраната и самоповредување, таа за првпат беше хоспитализирана кога имала 18 години.