Беливук и бандата носеле жени во куќата на ужасот во Ритопек

11

Парчињата пронајдена облека биле испратени на вештачење со цел да се утврди на кого припаѓаат.

Истражителите проверуваат чија облека била спакувана во торба на која се откриени траги од крв. Се проверува како таа облека се нашла на местото на злосторството кое го направиле членови на кланот на Вељко Беливук и Марко Миjковиќ

Во куќата на ужасот во Ритопек, за која истражителите се сомневаат дека кланот на Веjко Беливук и Марко Миjковиќ бил користен за тортура и убиства, полицијата пронашла и женска облека.

При детален преглед на куќата, на таванот, пронајдена е торба, на која имало траги од крв. Во таа торба е откриена шамија на Црвена звезда, како и црно здолниште и женски пижами. Парчињата пронајдена облека биле испратени на вештачење со цел да се утврди на кого припаѓаат.