Бензема: Дозволете ми да играм за некоја друга репрезентација

7

Карим Бензема јавно го прозва претседателот на францускиот фудбалски сојуз, Ноел Ле Грае, откако пред некој ден му порача дека вратите во репрезентацијата му се затворени.

Бензема од 2015 година не игра за Франција откако беше тргнат од составот по секс-скандалот. Тој на порака на првиот човек на тамошната федерација се огласи на својот „Твитер“ профил.

„Ниел, мислев дека не се мешаш во изборот на селекторот. Треба да знаеш дека само јас можам да кажам кога ќе ја завршам репрезентативната кариера. Ако мислиш дека сум готов, дозволи да играм за друга репрезентација, па да видиме“, напиша Бензема.