Берлускони е примен во болница поради ковид

22

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е примен во болница во Милано поради компликации од коронавирусот.

Од неговата партија Форца Италија соопштиле дека здравствената состојба на 83-годишниот Берлускони не е загрижувачка.

Неговиот личен лекар, Алберто Зангрлио, во средата објави дека Берлускони има ковид-19, дека е асимптоматски случаи и дека се наоѓа во својата вила во Милано, каде што ќе остане 14 дена во карантин.

Британските медиуми пишуваат дека за време на екот на пандемијата Берлускони бил во својата куќа во Ница, Франција, а потоа дел од одморот го минал на Сардинија, во друштво со Флавио Бријаторе, сопственик на тамошната дискотека „Милионер“, омилено место на ексклузивните гости на островот.

Бријаторе беше заразен со коронавирус, како и повеќето од неговите вработени, но и голем број гости.

Веднаш штом беше објавено дека Бријаторе има ковид-19, Берлускони, како што беше најавено, беше превентивно тестиран, но првично беше негативен. Најновиот тест неделава потврди дека тој сепак има ковид-19.