Бесплатни ваучери предизвикаа човечко стампедо во Сиднеј, најмалку 12 повредени (ВИДЕО)

17

Најмалку 12 лица се повредени во човечко стампедо во трговскиот центар Вестфилд Перамонт во Сиднеј, кога се обиделе да ги дофатат балоните со подарок-ваучер, пренесуваат медиумите. По настанот, пет лица завршија во болница.

На објавените снимки може да се забележи како стотина купувачи се обидуваат да ги фатат златните, сребрените и белите балони, во кои има ваучери за подароци.

Во големиот метеж, неколку луѓе паднале и се здобиле со различни повреди, пренесува „Ројтерс“.

Лекарите велат дека три лица имаат посериозно нарушување на здравствената состојба, како повреди на градниот кош, болки во вратот и грбот, како и вртоглавица.