Беџети: Дали Мухамед Зекири е дел од групата за криумчарење мигранти?

26

Поранешниот министер за правда Блерим Беџети вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 во емисија упати јавно прашање за Мухамед Зекири од СДСМ – „Дали неговото возило и тој лично е дел од групата за криумчарење на мигранти“ ?.

– Не е добро партија како СДСМ да има потпретседател како Мухамед Зекири. Партиите и луѓето треба да се дистанцираат од него – рече Беџети.

Претходно Беџети обвини дека Зекири соработува со луѓе на ВМРО-ДПМНЕ кои се вработени во МВР.