Харадинај: Косово подготвено да и помогне на својата мајка

10

Вршителот на должноста премиер на Косово, Рамуш Харадинај, по катастрофалниот земјотрес што рано утринава ја погоди Албанија, рече дека неговата земја е подготвена да и понуди помош, на како што се изрази, својата мајка.

„Загрижувачки е тоа што го гледам на вестите за Албанија. Моите мисли и молитви се со сите граѓани што претрпеа загуби и со оние кои со нетрпение чекаат новости за своите семејства. Косово е подготвено да понуди своја помош на народот и на државата Албанија за надминување на оваа тешка состојба“, напиша Харадинај.