Биланс од протестите во Белорусија: Едно лице загина, 140 се уапсени

7

Едно лице го загуби животот, а 120 се приведени во судирите меѓу полицијата и демонсрантите во Минск по објавата на резултатите од претседателските избори во Белорусија. Според тамошните медиуми, полициски автомобил налетал на маж кој се здобил со тешки повреди на главата од кои подоцна и починал. Тешко повредени се уште тројца демонстранти, изјавија претставници на организацијата за човекови права „Весна“. Полицијата, пак, засега ниту ги потврди, ниту ги демантира таквите извештаи, но дека е неспорно оти има повредени сведочат и фотографиите и снимките што пристигнаа од белорускиот главен град.

Уапсени околу 140 демонстранти од кои 61 во Минск и 79 во останатите градови во Белорусија по масовните протести што почнаа вчера вечер. За судири со полицијата и организација на немири, во Белорусија се предвидуваат затворски казни до 15 години.

И пред соопштувањето на првичните резултати од излезните анкети, опозицијата најави протести, бидејќи однапред тврдеше дека Лукашенко ќе изврши кражба на процесот. Дури и еден дел од граѓаните кои не изразуваат сомнеж за изборна кражба, изразува незадоволство што Лукашенко го доби шестиот претседателски мандат во Белорусија.

Централната изборна комисија денеска соопшти дека на вчерашните претседателски избори за Лукашенко гласале 80,23 отсто од излезените граѓани со право на глас додека неговата главна ривалка Светлана Тихоновскаја добила 9,9 отсто гласови. Против сите гласале 6,6 отсто Белоруси, Ана Канопацкаја добила 1,6 гласови, Сергеј Черчењ – 1,13 отсто и Андреј Дмитриев – еден отсто.

Александар Лукашенко е претседател на Белорусија од 1994 година. Неспорно е дека изборите беа дочекани во лоша атмосфера поради тоа што Лукашенко изврши административна елиминација на своите главни конкуренти во трката од кои двајва беа уапесни, а еден остана без доволно валидни потписи од граѓани да се кандидира на изборите.