Бил Гејтс: „Две дози од вакцината нема да бидат доволни да го победиме коронавирусот“

13

Оваа изјава доаѓа среде сите грижи дека постоечките вакцини се помалку ефикасни против јужноафриканскиот и бразилкиот сој на коронавирусот.

„Можно е да биде потребна и трета доза од вакцината против коронавирусот за да се спечат сериозните случаи на болни луѓе предизвикани од новите соеви“, изјавил милионерот и филантроп Бил Гејтс за „Си-би-ес“.

„Сега прашањето е дали ни е доволна само исклучителна покриеност со постоечките вакцини или пак потребна ни е трета доза од истата вакцина или пак потребна ни е некаква модифицирана вакцина“, вели Гејтс.

„Сите пет компании кои што произведуваат вакцини во САД сакаат да се подготват за случаите дека луѓето кои што веќе примиле две дози можат да добијат и трета доза од вакцината. Мислам дека е разбирливо да се развие модифицирана вакцина за целосно да бидеме сигурни и на другите нови соеви на коронавирусот“, изјавил тој.

Инаку, Гејтс го финансира истражувањето во Јужна Африка за да се утврди дали вакцините на компанијата „АстраЗенека“, „Џонсон и Џонсон“ и „Новавакс“ се подеднакво ефикасни против позаразните варијанти на коронавирусот.

„Овој сој за „АстраЗенека“ е посебен предизвик, додека пак вакцините „Џонсон и Џонсон“ и „Новавакс“ се помалку ефикасни, но сепак доволно“, навел Гејтс.

Доколку коронавирусот не се искорени во иднина ќе биде потребна повторна вакцинација.

„Веројатно не на годишно ниво, но се додека вирусот постои сакаме да се шири помалку во Америка“, навел Гејтс.