Црвен крст ќе ги презентира резултатите од кампањата „Првата помош спасува живот“

0

Црвениот крст на Сверна Македонија денеска во Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, ќе ги претстави резултатите од кампањата „Првата помош спасува живот“, наменета за ученици од основни и средни училишта во земјава, што беше спроведена од мај 2022 до март годинава.

На настанот, според најавата на организаторите, ќе присуствуваат генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити, заменик министерот за здравство Маја Манојлева, заменик министерот за образование и наука Агим Нухиу и градоначалникот на град Скопје Данела Арсовска.

Саити, во знак на благодарност за досегашната соработка, ќе им врачи благодарници на Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Пред Спомен куќата на Мајка Тереза ќе биде одржан и градскиот натпревар по прва помош.