Седници на комисиите за прашања на изборите и именувањата и за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите

5

Во Собранието денеска ќе заседаваат комисиите за прашања на изборите и именувањата и за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е Утврдување предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Членовите на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, пак, ќе ја разгледаат Информацијата за работењето на Оперативно-техничката агенција.