Бундестагот ќе донесе резолуција за поддршка на Северна Македонија

6

Германскиот Биндестаг денска ќе расправа и ќе гласа за резолуција за поддршка на зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ, на македонски јазик и македонскиот идентитет.

Резолуцијата насловена „Активно поддржете ја Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“, е предложена од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП.

Во германскиот Парламент ќе се дебатира и за други документи во чиј фокус е евроинтергацијата и ситуацијата на Западен Балкан.

Германски пратеници ќе побараат од федералната Влада да постигне на ниво на ЕУ согласност дека изгледите за пристапување во ЕУ за Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија се „недвосмислени, веродостојни и поткрепени со опиплив напредок