Блинкен ја повика Србија да дозволи одржување на „Европрајд”

8

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја повика Србија да дозволи одржување на „Европрајд“.

Блинкен на „Твитер“ напиша дека „слободата на мирно собирање и изразување се суштински компоненти на здрава демократија“.

„Ја повикуваме Србија да остане посветена на одлуката да биде домаќин на EuroPride 2022. ЛГБТКИ+ правата се човекови права“, напиша Блинкен.

„Европрајд“ требаше да се одржи од 12 до 18 септември во Белград, но српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „Европрајд“ ќе биде одложен или откажан, а Владата на Србија најави дека во моментов нема услови за безбедно одржување на парадата.