Американскиот гигант за производство на авиони „Боинг“ соопшти дека негопвата 20 годишна прогноза за побарувачка на авиони „паѓа во вода“, бидејќи пандемијата на ковид-19 ги опустоши пазарите на туризам и на авио-индустријата. Во прашање, велат од таму, не е само 2021 година, туку и годините по неа.
– Пандемијата предизвика економски потрес што негативно ќе се одрази на побарувачката на авиони, бидејќи речиси сите компании го намалуваат бројот на авиони што летаат, а некои дури и укинуваат ваќни линии“, истакнуваат од „Боинг“.
Компанијата во најавата говори за две кризни децении, наведувајќи дека испораката на комерцијални авиони ќе достигне 43.110, што е за отприлика два отсто помалку од планираните 44.040. Според каталошки цени, вредноста остана непроменета и се движи на ниво пд 6,8 милијарди долари.
Новите проценки на компанијата, кои го опфаќаат периодот до 2029 година, се дека испораката на летала ќе падне на 18.350. Тоа, пак, е за речиси 10 отсто помалку во споредба со претходната прогноза од 20.550 примероци.