Борба за финалето – Арсенал против Ливерпул, Челси против Тотенхем

1

Спектакуларни натпревари натпревари не очекуваат во полу-финалето на англискиот Лига куп.

Ждрепката ги спои Арсенал и Ливерпул, односно Челси и Тотенхем.

За потсетување Арсенал го победија Сандерленд со 5:1, Ливерпул по изведувањето на пенали го победија Лестер со 5:4, Челси го совладаа Брендфорд 2:0, а Тотенхем во градскиот дуел беа подобри од Вест Хем со 2:1.

Првите натпревари ќе се одиграат на 3.јануари, а реваншите на програмата се една недела подоцна.

Финалето ќе се одигра на Вембли, на 27.февруари.