Борис Џонсон даде оставка од премиерската функција: „Тоа е тоа“

6

Борис Џонсон, човек во центарот на многу скандали, тукушто објави дека ќе се повлече од функцијата британски премиер откако го напуштија министрите и повеќето негови конзервативни пратеници.

Покорувајќи му се на неизбежното, вели Ројтерс, бидејќи повеќе од 50 министри дадоа оставка и пратениците рекоа дека мора да замине, изолираниот и немоќен Џонсон зборуваше на Даунинг стрит и потврди дека ќе поднесе оставка.

„Процесот на избор на тој нов лидер треба да започне сега.“

„Сакам да знаете колку сум тажен што се откажувам од најдоброто работно место во светот“, рече премиерот.

„Но тоа е тоа“, рече тој.