Бред Пит го прослави својот роденден со 30 години помладата избраничка која го напуштила сопругот за да биде во врска со него

34

Пит и 29-годишната дизајнерка на накит која во април годинава се развела од актерот Пол Весли, биле забележани на прослава на роденденот на Пит во еден ресторан во Холивуд, а насмевките на нивните лица оддавале впечаток дека им е многу убаво заедно.

Пред неколку денови тие биле забележани на некоја забава во Лос Анџелес како разменуваат нежности во јавноста, а притоа биле прегрнати и опуштено се дружеле пред луѓето.

Првите шпекулации за нивната наводна врска се појавија минатиот месец кога биле забележани како се држат за раце на концертот на Боно во Лос Анџелес. Тогаш тие биле во друштво на Синди Крафорд, Шон Пен…

„На Бред, Инес навистина му се допаѓа. Ја запозна преку заеднички пријател, а таа е многу мила. Слатка е, забавна, полна со енергија. Има прекрасен карактер. Бред ужива да го поминува времето со неа“, изјавил близок извор до актерот за „People“.

Пит, којшто има шест деца со Анџелина Џоли и натаму води бракоразводна парница која трае од 2019 година, а неодамна странските медиуми актерот го поврзаа и со прекрасната манекенка Емили Ратајковски.