Бучковски заминува за Софија

17

Специјалниот претставник на Република Северна Македонија за Бугарија, Владо Бучковски, денеска ќе пристигне во Софија на разговори со бугарските политичари, јавуваат бугарските медиуми.

Посетата ќе трае неколку дена.

Бучковски беше во Софија на почетокот на декември. Потоа беше примен од министерот за надворешни работи Екатерина Захариева, премиерот Бојко Борисов и министерот за одбрана Красимир Каракачанов.

Целта на посетата на Бучковски е враќање на довербата меѓу двете земји и спроведување на Договорот за соседство и пријателство, кој беше потпишан на 1 август 2017 година.

Владо Бучковски беше назначен за специјален претставник на македонската влада за Бугарија на почетокот на декември 2020 година.