Ванда честита и нормално провоцира (фото)

25

Контраверзната Ванда Нара, инаку партнерка и воедно агент, на Мауро Икарди едвај го дочека крајот на Миланското дерби синоќа помеќу Милан и Интер кое заврши со победа на „Росонерите“ од 2:1, за да се слади на поразот на „Нероазурите“ и нормално да провоцира, нешто што знае одлично да го прави.

Таа, но пред се нејзиниот сопруг Икарди, на лош начин се разделија со Интер, каде што тој своеврмеено настапуваше пред да премине во ПСЖ каде што е и денеска. Па затоа, Ванда вчера на социјалните мрежи постираше фотографија од неа и Икарди во дресот на Интер, а под неа искоментира „Без љубов нема дерби, честитки за моите пријатели од Милано“.

Нормално сето ова ќе наиде на лавина на реакции, нешто што всушност и сите очекуваат да се случи кога е во прашање оваа контраверзна двојка.