Вархеји оптимист дека Северна Македонија и Албанија ќе ги испорачаат реформите за членство во ЕУ

4

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, изрази оптимизам дека Северна Македонија и Албанија ќе ги спроведат реформите потребни за членство во ЕУ. Изјавата на Вархеји доаѓа во пресрет на најавите на Париз дека нема повторно да го блокира започнувањето на преговори со Скопје и Тирана, во случај на позитивни извештаи од страна на Европската комисија во март. „Јас сум многу охрабрен од моите посети во двете држави. Тие не се откажуваат од реформите. Ќе видите дека ќе ги реализираат. И ако тоа го сторат, да бидете убедени дека преговорите треба да започнат“, истакна Вархеји.