Вашингтон пост: Во Кабул тајна средба помеѓу директорот на ЦИА и талибанскиот лидер Барадар

5

Според весникот Барнс се сретнал со Барадар вчера во Кабул.

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс во Кабул тајно се сретна со шефот на талибанската политичка служба, Мула Абдул Гани Барадар, објави „Вашингтон пост”, повикувајќи се на неименувани американски извори.

Според весникот Барнс се сретнал со Барадар вчера во Кабул.

Вашингтон пост наведува дека на средбата се разговарало за продолжување на рокот за повлекување на американските војници од Авганистан и за пролонгирање на евакуацијата на цивилите.

ЦИА одби да ги коментира наводите на Вашингтон пост.