ВИДЕО: Бајден се збуни, го измеша Трамп со Буш

29

Кандидатот за американски претседател Џо Бајден зборуваше вчера на настан за собирање пари за спроведување на кампањата.

Се работи за настан покрај концерт кој се одвивал онлајн, на кој настапиле Џон Бон Џови и Фу Фајтерс како и АСАП Ферг.
Бајден одговарал на прашања на модераторот Џорџ Лопез и аналитичарката на Си Ен Ен, Ана Наваро, кога рекол дека САД, ако не победи тој, ги чекаат уште четири години со Џорџ.

„Ќе гласаме, според мене, буквално за карактерот на земјата. Уште четири години Џорџ…ова…Џорџ, ќе се најдеме во позиција да, ако Трамп биде избран, да бидеме во поинаков свет“, вели тој.