ВИДЕО| Битка за Мариупол: Градот е речиси срамнет со земја, но Русите се уште не успеваат да го покорат

0

Руските сили го стегаат обрачот околу силно бомбардираниот украински град Мариупол, каде што повеќе од две недели се заробени колу 400.000 луѓе. Руските сили интензивно го гранатираат пристаништето на брегот на Азовското Море, додека населението во многу делови од градот нема струја, греење и вода.

Во Мариупол уништени се 80 отсто од зградите, додека една од најголемите европски челичарници „Азовстал“ е оштетена и затворена, а улични битки се водат во самиот центар на градот.

– Умираат деца, старци. Градот е уништен и збришан од лицето на земјата – изјави полицаецот од Мариупол, Михаил Вершин кој се сними на улица во градот полна со урнатини и кој ја испрати до лидерите во светот , Автентичност на снимката ја потврди агенцијата АП.

Падот на Мариупол ќе означи голем напредок за Русите, кои на тој начин ќе го поврзат Крим анектиран во 2014 година со териториите што ги држат руските сепаратисти во источна Украина, Доњецк и Луганск.

Мариупол е клучен стратешки град, трговско пристаниште на Азовското Море, кое е поврзано со поголемото Црно Море Иако градот е целосно уништен, битките за контрола врз Мариопољ сеуште траат.

Украинското Министерство за одбрана во саботата соопшти дека земјата „привремено“ го загубила пристапот до Азовското Море, бидејќо руската армија го ја презела контролата врз пристаниште во Мариупол.

„Руските окупатори делумно успеаја во операциите во Доњецк, привремено оградувајќи ѝ на Украина пристап до Азовското Море“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана. Оваа информација Русија ја соопшти на 1 март потврдувајќи дека нејзините сили ѝ го блокирале пристапот на украинската армија до Азовското Море,

Во Моментов во градот се водат улични борби во кои има голем број на загинати и повредени војниц на двете страни .

Украинските власдти соопштја дека околу 80 проценти од објектите во градоt се уништени а дека досега загинале 2 400 цивили и дека властите копаат масовни гробници.
Се стравува дека бријката е многу поголема бидејќи градот е изложе на четири часовно гранатирање поа е се потешко да се додје до затрупаните тела во урнатините

Меќу тешко оштетените е и објеткот на театарто во Мариопољ кој беше бомбардиран и во кој беа засолените 1200 лица. Поради уличните борби тешко може да се извлечат засолнетите во подрумите на театарот, велат украинските градски власти.

Украинската воена команда соопшти дека Украина засега нема воено репение за Мариопољ бидејќки најблиските воени гтрупи на уркаинската армија за одбрана на градот се предалеку.

Украинскиот прчестедател Володимир Зеленски изјави дека руската опсада на Мариупол е „терор што ќе се памети со векови“, . Тој во видеото постирано на социјалните мрежи истакна и дека опсадата на Мариупол ќе влезе во историјата на одговорноста за воените злосторства.

– Да се ​​нападне мирен град е терор што ќе се памети со векови – рече Злеенски, додавајќи дека мировните преговори со Москва – „иако не се ниту лесни ниту пријатни“ – се итно потребни.