ДЗС: Во 2021 активно население од 943 004 лица, невработеноста 15.7 отсто

1

Во 2021 година активното население во земјава изнесувало 943 004 лица, од кои вработени се 795 087, а 147 917 лица се невработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од податоците може да се види дека стапката на активност во овој период е 56.0, стапката на вработеност 47.2, додека стапката на невработеност изнесува 15.7.

Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во 2020 изнесувала 16.4.