ВИДЕО: Во Вухан повеќе не се плашат од коронавирусот – илјадници луѓе дошле во аква-паркот, одржан бил и концерт

7

Илјада млади Кинези го преплавија викендов аква-паркот во централниот кинески град Вухан, откако минатата година таму започна заразата коронавирус.

Очигледно граѓаните биле жедни за забава, бидејќи животот во тој град полека се враќа во нормала. Популарниот аква-парк бил исполнет со весели млади луѓе во костими за капење, кои танцувале на електронска музика.

Аква-паркот бил отворен повторно во јуни, во склоп со постепеното отворање на градот после 76-дневниот карантин и строгите мерки, за да се застане на патот на вирусот.

Карантинот беше укинат во апприл, а од средината на мај официјално немало нови случаи на заразата во привинцијата Хубеј, каде Вухан е главен град.

За да се поттикне локалната економија, владата на Хубеј понуди бесплатен влез на 400 туристички локации на својата територија.

Кина во голема мера ја скроти епидемијата коронавирус, но повремените жаришта и сериозните летни поплави и понатаму ја загрозуваат економијата.