Конте: Направивме Шахтјор да изгледа просечно, момците играат со срце и душа

12

Антонио Конте и Интер се пласираа во финалето на Лига Европа, откако неговите момци го совладаа Шахтјор со 5-0. Ова беше најголема победа на еден тим во полуфиналните европски натпреварувања по 1989 година кога Милан со ист резултат го урна Реал Мадрид.

Интер во финалето ќе се сретне против Севилја која пак беше подобар од Манчестер Јунајтед со 2-1.

„Мислам дека до финалето стигнавме играјќи против тим кој изледа помалку силно од она што е. Шахтјор има многу таленти, и ние успеавме да го сопреме играјќи пресинг по целиот терен. Ова беше одличен меч, го натеравме Шахтјор да да изгледа просечно“, изјави Конте.

Интер е првиот италијански тим кој изборил финале во ЛЕ по Парма која тоа го стори во 1999 година. Конте даде свое видување за Севиља.

„Севиља има големо искуство. Мислам дека четирипати во последните шест-седум години го освојуваа ова натпреварување. Но, ни имаме ентузујазам, глад и желба да ги воодушевиме сите. Сега треба добро да се одмориме и да се обидеме да им пружиме вистинско уживање на фановите на Интер. Се надевам дека фановите ќе бидат горди на момците, бидејќи тие играат со срце и душа. Мораме да го напуштиме теренот без да зажалиме за непто, мора да бидеме сигурни дека сме дале се од себе, па доколку изгубиме тоа значи дека противникот бил подобар“.