ВИДЕО: „Да не ме предупредува алармот да прекинам со говорот“ – Ѓорге Иванов евакуиран во Австралија

8

При говорот на поранешниот претседател, Ѓорге Иванов во Мелбурн настана паника и беа евакуирани сите присутни на местото каде што тој држеше говор, објави порталот Фаланга.

Иванов деновиве е во посета на Австралија во организација на Македонската Добротворна Организација. За време на донаторската вечер што се организираше од Македонската Добротворна Организација свој говор одржа и Иванов.

Неговиот говор беше преконат од ненадејното вклучување на безбедносните алармите за опасност во „Plenty Ranges Arts and Convention Centre“, при што обезбедувањеро реагираше и ги замоли присутните да ја напуштат зградата.

На местото веднаш пристигнаа противпожарните служби ја прегледаа зградата и по проверката присутните се вратија во салата и Иванов го продолжи својот говор.

Досега нема одговор од наслежните која е причината за вклучување на алармите и што точно се случи.

Погледнете го видеото: