ВИДЕО: Заложничка драма во Русија, маж со бомба влегол во банка

1

Денеска во рускиот град Тумен се случи вистинска заложничка драма. Маж со импровизирана бомба влегол во банка, барајќи 15 милиони рубљи, пренесува „Медуза“.

Три лица кои биле вработени во банката, биле земени како заложници, додека 50-тина лица биле евакуирани од зградата.

На местото на инциденот веќе пристигнале и руските специјалци, кои според медиумите се подготвувале за напад и влез во банката.

Видеото погледнете го тука.