Излегувал од телевизиското студио, бил застрелан неколкупати: Познатиот холандски новинар се бори за живот

44

Новинарот Петер Р. де Врис кој беше застрелан во глава синоќа во Амстердам се бори за живот, соопшти градоначалничката Фемке Халсема. За нападот се уапсени тројца кои се претпоставува дека се евентуално поврзани со пукањето, а меѓу нив најверојатнои лицето кое пукало.

„Петер Р. де Врис е застрелан на улица во моментот кога излегувал од телевизиско студио. Врз него, како што тврдат сведоци, едно лице околу 19:30 часот пукало повеќепати. Новинарот е пренесен во болница со рана на главата, соопшти полицијата.

Премиерот на Холандија, Марк Руте изјави дека нападот врз Де Врис е напад врз „слободата на печатот“.

Холандското кралско семејство, кое за време на настанот било во Берлин, на социјалните мрежи соопштија дека се шокирани и разочарани.

Петер Р. де Врис е новинар кој најчесто покрива теми за корупција и по тоа е познат и меѓународно.