(ВИДЕО) Нешто не чини во Барса, се виде уште на Местаља!

6

Шпанските медиуми неколку недели тврдат дека атмосферата во соблекувалната на Барселона е многу лоша и дека Лионел Меси е незадоволен од она што се случува во клубот.

Абидал пред неколку дена изјави дека некои фудбалери барале Ернесто Валверде да добие отказ, а потоа Аргентинецот побара од него јавно да ги каже имињата на тие играчи. Други се жалеле дека Меси и Суарес имаат посебен третман кај Валверде и дека тоа е минато откако Кике Сетјен седна на клупата. Хаосот во соблекувалната почнала додека бил Валверде таму, а наводно почнало копга Пике влегол во конфликт со Меси. Дека тука има нешто, се видело пред две недели на гостувањето кај Валенсија.

Играчите на Барселона излегоа на загревање на Местаља, традиција е капитенот да одржи говор пред враќањето во соблекувалната, но Меси не го направил тоа. Пике се обидел да го запре, но Аргентинецот не го послушал, само поминал покрај него. Атмосферата во тој момент не е којзнае колку лоша, според она што може да се види во видеото, но потегот на Меси не е својствен ни за него, ни за клубот.