(Видео) Парагвајската полиција го уапси легендарниот Роналдињо

5

Познатиот бразилски фудбалер Роналдињо е уапсен во Парагвај поради наводно користење лажна документација за влез во таа јужноамериканска земја.

Како што пренесуваат светските медиуми, славниот 39-годишник, кој во 2002 година со Бразил го освои Светското превенство, бил уапсен синоќа заедно со неговиот брат Роберт.

Во хотелот во кој престојувале наводно биле пронајдени парагвајски пасоши со нивните имиња.

Роналдињо во моментов е без бразилски пасош поради еколошка казна што ја добил во 2018 година.

Поранешниот ас на Барселона е осуден за изградба на платформа за риболов и пристаниште за чамци без дозвола од локалното Министерство за животна средина, на реката Гваиба во Порто Алегре.

Откако Роналдињо не ja плати милионската казна, му беше забрането да ја напушта земјата.