Даер тргна да се тепа со навивачите, Мурињо го оправда: Така е кога го навредувале брат му! (ВИДЕО)

10

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Ерик Даер тргна да се пресмета со навивачите на Тотенхем по синоќешната елиминација на тимот во ФА Купот од екипата на Норич, откако фановите го навредуваа и него и неговиот помлад брат.

Фудбалерот се искачи неколку реда на трибините и се обиде физички да се пресмета со неколку навивачи, но за среќа навреме интервенираа стјуардите.

Менаџерот на тимот, Мурињо, изјави дека Даер реагирал откако го навредувале неговиот брат и тој инстиктивно тргнал да го одбрани.

https://twitter.com/FutbolBible/status/1235343128065953792

„Мислам дека Ерик Даер направи нешто што ние како професионалци не треба да го дозволуваме, но во вакви околности, сигурно сите би реагирале како него“, прокоментира Португалецот.