Виетнам: Село со 10.000 жители во карантин поради коронавирусот

10

Во Виетнам досега се потврдени 15 случаи на заразени со коронавирус.

Место со 10.000 жители во близина на Ханој, Виетнам, е првата локација во оваа земја која целосно е ставена во карантин поради стравувања за ширење на коронавирусот, објави Министерството за здравство на оваа земја.

Откако во селото, кое се наоѓа на 30 километри северозападно од Ханој се потврдени пет случаи на заразата, во Сон Лои е одреден карантин во траење од 20 дена.

– Блокирани сме во место и работиме на полињата за ориз и во градините – рече еден жител на Сон Лои и наведе дека тоа сиугрно ќе влијае на големиот број на жители кои работат надвор од тоа место, пренесе хрватскиот портал „Индекс“.

Како што рече, една жена го заразила семејство и соседите. Во Виетнам досега се потврдени 15 случаи на заразени со коронавирус.