НАТО за ситуацијата во Црна Гора: Не се мешаме во внатрешните работи на своите членки

29

На прашањето од црногорскиот весник „Вијести” дали Северноатлантската алијанса е известена за случувањата во Црна Гора, дали ја следи ситуацијата, дали постои безбедносен ризик и каква е праксата на Алијансата кога во земја-членка постои ризик, од НАТО истакнаа дека не се мешаат во внатрешните прашања.

НАТО не се меша во внатрешните работи на своите членки, а слободата на изразување е важна во секоја демократија се додека тоа се прави на мирен начин, соопшти Алијансата по повод најновите случувања поврзани со Законот за слобода на вероисповед во Црна Гора.

„Вијести” потсетува дека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во неодамнешното интервју за Телевизија Црна Гора истакна дека не е точно дека поради одржувањето на литии во Црна Гора побарана е помош од НАТО.

– Немав вишок очекувања ниту од ЕУ ниту од НАТО, но би сакал да видам ваквите информации малку да ја протресат и бриселската администрација и другите центри, за да сфатат дека времето на Балканот дефинитивно не стои. Би очекувам Европа да сфати дека ова е време за одлучна акција и да не ги прима западноевропските држави без претходно исполнети услови, но оти секој може да напредува ако ги исполни условите, посочи Ѓукановиќ.

Од кабинетот на Ѓукановиќ вчера го повторија истиот став.

Црна Гора е членка на НАТО од 2017 година.