Викајте ме само Хари! Снимката што ги шокираше Британците ВИДЕО

6

Принцот Хари денеска во Единбург ги замолил присутните на една од последните посети во улога на принц да го ословуваат само со Хари. Војводата од Сасекс побарал едноставно да го претстават како Хари, кога денеска зборуваше на настанот посветен на туризмот во Меѓународниот конференциски центар во Единбург, пренесува „Гардијан“.

На војводата обично му се обраќаа со Сер или Неговото кралско височество – титула што повеќе нема да ја користи откако отстапи на 31 март.

Ејша Хазарика, која беше домаќин на конференцијата, го најавила војводата на сцената како Хари, откако тој побарал да се користи само неговото име.

– Дами и господо, ве молам голем аплауз за Хари – со овие зборови е отворена конференцијата.

Тој им рекол на присутните дека индустријата во Шкотска е водечка во тоа секторот да го направи што позелен, велејќи дека тоа може да биде пример за остатокот од Велика Британија и светот.

https://www.youtube.com/watch?v=dxyHm7T56ws&feature=emb_title

– Не мора повторно да го измислуваме тркалото, веќе е направена многу голема работа. Но, нашето истражување повторно покажува дека многу од овие напори не успеале да стигнат до совеста на потрошувачите – рекол Хари.