Цеца и Анастасија во Скопје: Деби албумот се „крчка“ во студио кај Дарко

84

На јавноста и е добро познато дека ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ својот прв албум го прави во Скопје во студиото на Дарко Димитров.

Анастасија во едно интервју изјави дека не и се брза, сака се’ да биде вистински избрано и направено. Веројатно тоа е причината поради која што албумот се уште не е спремен за јавноста.

Цеца и Анастасија вчера допатуваа во нашето Скопје и работеа заедно со Димитров, а од студиото објавија и неколку куси видеа на социјалните мрежи.

Според објавените видеа можеме да забележиме дека тие две останале кратко во нашата држава. На пат кон Македонија уживаа во сончевиот ден, а ноќта на пат кон дома беа како во друга временска зона.

По патот врнело доста снег, па Цеца со мобилниот го забележа и тоа и веднаш објави фотографија на Инстаграм.