Вил Смит и неговата сопруга за прв пат на црвениот тепих од шамарот на Оскарите што го обиколи светот

8

Актерот Вил Смит присуствуваше со сопругата Џејда Пинкет Смит и нивните три деца на своето прво појавување на црвениот тепих откако му удри шлаканица на Крис Рок на Оскарите.

54-годишниот Вил беше исклучително повлечен откако му удри шлаканица на комичарот. Ретко се појавуваше во медиумите, а беше загрижен за понатамошната кариера. Сепак, неодамна го сними првиот филм по немилиот настан.

Целото семејство го поддржа појавувајќи се на премиерата на новиот филм „Еманципација“.

Актерот носеше елегантен бордо костум, додека Џејда беше во прекрасен балски фустан покриен со кристали.

Семејството остана обединето по инцидентот. Вил побарал извинување од Крис, а Џејда го поддржала.